Учениците од единствената школа по гитара „Music On“ од Кочани и нивниот ментор Дејан Алексовски успешно се претставија пред љубителите на музиката со својот „Завршен час“, зад кој оставија уште една успешно реализирана школска година.
Прекрасно изведените музички нумери од домашни и странски изведувачи ја разгалија публиката која се собра во салата на „Мултикултурниот центар“ во Кочани.
Музичките нумери од Тоше Проески, Ареа, Брејк, како и од Dure Straits, The Beatles и Led Zeppelin кои учениците од „Music On“не оставија ниту еден посетител рамнодушен за што сведочи и долготрајниот аплауз упатен по завршувањето на часот.
За крај едно довидување до наредната година.
С. Ивановски