СИНОЌА ВО КОЧАНИ СЕ ОДИГРА ЕМОТИВЕН КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР

јануари 18, 2022
1 min read

Синоќа во Кочани во рамките на М-18 Втора Кошаркарска Лига – Исток кошаркарите на „Баскет Дино – Деликатес“ и „Еуро Никел“ од Кавадарци одиграа емотивен кошаркарски натпревар.

Целата предигра, самиот натпревар и неговиот крај полни со емоции беа посветени на кочанската кошаркарска легенда Сашо Лазарев – Чапо кој прерано реши да замине меѓу Ангелите.

Во негова чест беше спуштен голем кошаркарски дрес, кој ќе биде симбол и едно сеќавање на мајсторот под обрачите, на мајсторот на тројките на мајсторот на човечноста, на Чапо.

Натпреварот започна со едно минутно молчење со што двете екипи му оддадоа почит на Сашо Лазарев – Чапо, Кочанската кошаркарска легенда, а екипата на „Баскет Дино – Деликатес“  чиј идеен творец беше токму тој излегоа во црни маици, на градите со ликот на нашиот Чапо а на чија позадина стоеше неговиот прекар.

Гест за почит и респект на оној што сето ова знаеше да го изменаџира.

С. Ивановски