СКОПЈЕ ДОМАКИН НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР ВО СПОРТСКА ГИМНАСТИКА

Во Спорт
октомври 20, 2024
1 минути

За време на викендот (Сабота и Недела) во салата на КГС „Партизан Орце Николов“ во Скопје се одржа годинешниот Завршен турнир во спортска гимнастика Во саботата настапија девојчињата а во неделата момчињата.

Членовите на КГС „Кочани“ имаа забележителни резултати и во двете категории а особено за почит е освоеното прво место во екипна конкуренција во категоријата „деца“.

Постигнати резултати во женска конкуренција – деца:

Прво место  Дариа Стојков (категорија деца до 7 години)

Второ место . Сара Стојановски (категорија деца до 7 години)   Екипно Прво место (категорија деца до 7 години)

Резултати кај девојчињата:

Трето место – Мелани Постолова Постари пионерки Б лига

Второ место – Бисера Лазарова Млади јуниорки Б лига

Прво место – Иларија Цветковски Јуниорки Б лига

Трето место – Ана Ајтовска Сениорски Б лига

Резултати кај момчињата

Второ место – .Максим Петров Помлади пионери А лига

Прво место – Лука Естатиевски Постари пионери А лига

Второ место – Матеј Постолов Млади јуниори А лига

Прво место – Мартин Андонов Јуниори А лига

Трето место – Дамјан Ѓорѓиев Помлади пионери Б лига

Второ место – Филип Иванов Сениори Б лига

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ