ПРВ НАСТАП НА ЈОЦО АНДОНОВ ЗА НОВИОТ КЛУБ И ПРВ МЕДАЛ

Во Спорт
јуни 16, 2023
0 минути

Во недостаток на велосипедски клуб во Кочани, нашиот сограѓанин Јоцо Андонов од неодамна му пристапи на Велосипедскиот клуб „Вело М“ од Куманово. И веднаш по првата трка Андонов се искачи на пиедесталот.

Имено во организација на Велосипедската Федерација на Македонија кај археолошкиот локалитет „Стоби“ се одржа Државното првенство во хронометар. Јоцо Андонов настапи во Мастер категоријата и се пласираше на второто место  што значи и освоен сребрен медал.ж

Инаку Државното првенство во хронометар беше доста успешно за велосипедистите од ВК „Вело М“, Немања Пауновски го освои првото место и е нов Државен шампион во хронометар во категоријата Јуниори, додека во истата категорија Валентино Петковски го освои  третото место.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ