СТАРТУВАШЕ ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ОДИГРАНИ САМО ДВА НАТПРЕВАРИ

Во Спорт
март 28, 2022
0 минути

По доста најави и одложувања во неделата започнаа натпреварите од Трета Фудбалска Лига – Исток во која првично беа најавени шест екипи а подоцна наводно уште две, но за жал во неделата во првото голо се одиграа само два натпревари

Во Берово на натпреварот „Малеш“ – „Чешиново“ мрежите мируваа а додека во Карбинци, екипата на „Овче Поле“ ги збриша домаќините совладувајќи ги со 4:1 (2:1).

Третиот најавен натпревар помеѓу „Рудар“ и „Дојранско езеро“ не се одигра а причините не се познати.

С. Ивановски