ГОЛЕМ ПОЖАР ОД ЗАПАЛЕНО СТРНИШТЕ, ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ БОРАТ ДА ЈА СПАСАТ ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА

ноември 28, 2021
1 минути

Пожарот кој избувнал некаде околу 12:30 часот и е на потегот околу пречистителната станица од минута во минута е се поголем и се повеќе се приближува и ја загрозува пречистителната станица.

Две возила, 4 пожарникари и повеќе доброволци се на терен и борба водат со огнената стихија се со цел да ја спасат пречистителната станица.

Пожарот како по навика го предизвикало палење на стрниште, по што „пироманот“ го оставил да горе и си заминал.

По кој пат ќе апелираме до неодговорните земјоделци, кои секогаш само субвенции бараат, зголемување на цената на арпата и белиот ориз а никако не сакат да ги искоренат своите навики.

Дека земјоделците се неодговорни  и понатака потврдува и денешниот случај исто како и кога пред три години во еден магацин беше пронајден избиен ориз од ГМО сорти на ориз земјоделците за да не им остане во амбарите се молеа да се преиначи објавата се со цел да го продадат.

Не може само како помош да бараат субвенции а тие да се однесуваат крајно некоректно спрема населението и спрема самата природа.

Време е да се пронајде виновникот и да му се прекинат во иднина субвенциите а сите трошоци кои се направени околу гаснењето на пожарот да ги плати од сопствен џеб, во спротивно тероризирањето на населението и на природата ќе продолжи во недоглед.

С. Ивановски