Добро е што се постави контејнер на патниот правец Кочани-Гратче во непосредна близина на „Бавчалук“ но не е добро што ретко се собира сметот од и околу него. Тоа е заклучокот на љубителите на природата и оние кои често го користат овој патен правец за шетање.
Миризбата посебно на овие високи температури како што истакнуваат е непријатна и затоа апелираат до надлежните што почесто да се собира сметот кој што овде се остава.
Фотографиите како што истакнаа се од денес а и од почетокот на оваа седмица.
С. Ивановски