СМЕТОТ ОКОЛУ КОНТЕЈНЕРИТЕ, А КОНТЕЈНЕРИТЕ ПРАЗНИ

ноември 4, 2022
0 минути

Фотографиите што пред малку ги добивме се направени денес утринава во непосредна близина на зградите во населбата „Недопирливи“ во моментот кога екипи од КЈП „Водовод“ стигнале за да го соберат сметот.

Како што не информираат сметот бил расфрлан насекаде околу контејнерите кои за сметка на тоа останале празни.

Кому му е сето ова потребно и кој го прави овој неред не се знае ако се има во предвид дека пред извесен период станарите од зградите организираа еко акција за чистење на околинаѕ=та во која што живеат.

Направеното е веќе направено, но некому да не му прејде во навика.

С. Ивановски