ОД ПОНЕДЕЛНИК ВО ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ – XVI САЕМ НА КНИГАТА

ноември 4, 2022
1 минути

Од 07.11. 2022 (Понеделник) до 12.11.2022 година (Сабота) во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе биде отворен XVI „Саем на книгата“.

Саемот ќе се одржи во рамките на „Месецот на книгата 2022 година“.

Како дел од програмата на годинешниот „Саем на книгата“ на читателската публика ќе и бидат претставени три книги:

На 09.11.2022 (Среда) со почеток во 13:00 часот пред читателската публика ќе биде претставена книгата „Идентитетот е приказна“ од авторот Иван Антоновски која е објавена по повод 70 години од раѓањето на големиот драмски автор и есеист Горан Стефановски. Промотор на книгата е проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска.

На 10.11.2022 година (Четврток) со почеток во 13:00 часот книгите „Јавачот“ и „Судбини“ од авторот Бранка Цветкова ќе бидат претставени пред читателите. Промотор на книгите е проф. Иван Котев.

„Саемот на книгата“ свечено ќе биде отворен во Понеделник во 12:00 часот а во деновите до сабота ќе работи во периодот од 10:00 до 18:00 часот.