По се изгледа дека денешниот снег по кој знае која година по ред ги изненади вработените во „Македонија пат“. Како што не информираат нивното возило еднаш отишле до Пониква, се паркирало а љубителите на зимскиот туризам ги оставиле на милост и немилост.
Граѓаните утринава се интересирале за проодноста на патот и добиле информација дека несметано можат да се искачат бидејќи возилото за чистење на патот само што тргнало кон Пониква. Но откако виделе дека не можат да поминат од наноси на снег се интересирале дали возилото ќе се врати за да чисти. Одговор не добиле.
Стапивме во контакт со „Македонија пат“ единица Кочани за да ги дознаеме причините зошто патот не е целосно исчистен. Како што ни одговорија двете возила кои треба да го чистат патот се во приватна сопственост и тие само им даваат услуги на „Македонија пат“. Зошто патот не бил исчистен и на вработените во „Македонија пат“ не им е познато.
Дали и годинава праксата ќе продолжи? Дали вработените од „Македонија пат“ зимите неспремни ќе ги дочекаат е прашањето на кое одговор ќе го добиеме во текот на оваа зима.
С. Ивановски