ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, 9-ТО КОЛО (НАЈАВА)

Во Спорт
октомври 29, 2021
1 минути

За утре (Сабота) со почеток во 14:00 часот се закажани натпреварите од 9-тото коло од Втора Фудбалска Лига – Исток. Со одигрувањето на 9-тото коло завршува првиот круг од првенството, но не и есенскиот дел за чие официјално завршување ќе се одиграат и додатни шест кола од вториот круг.

Екипата на „Осогово“ по двата едноподруго победи, во последното коло претрпе непланиран пораз како домаќин што го врати клубот во кругот на екипите кои ќе се борат за зачувување на второлигашкиот статус. „Осогово“  има незгодно гостување во Гевгелија, но такво беше и во Струмица од каде „жетварите“ се вратија со три големи бода.

Во Македонска Каменица се игра комшиското дерби. „Рударите“ ќе ја угостат „Слога 1934“

Двојки за 9-тото коло:

„Кожуф“ – „Осогово“

„Каменица Саса“ – „Слога 1934“

„Кит Го“ – „Локомотива“

„Детонит“ – „Братство“

„Беласица“ – „Победа“

С. Ивановски