Ако пред повеќе од една седмица наш сограѓанин беше споделил фотографија од извадена една од трите лулашки во детскиот парк во непосредна близина на ОУ „Раде Кратовче“ и беше фрлена во реката, вечерва со исто сценарио и втората лулашка е извадена.
Тогаш во својата објава нашиот сограѓанин напиша дека веднаш ја информирал редарската служба од општината и дека клупата која била фрлена во реката и наменета најверојатно за понатамошен транспорт по се изгледа кај некој од пунктовите за откуп на старо железо била извадена и сочувана.
Сега по истото сценарио и другата клупа е извадена и фрлена во реката.
Дел од жителите на овој дел од градот не информираат дека овој реон воопшто не е осветлен иако во непосредна близина е основно училиште и дека вистинска реткост е таму да има дежурни од службите кои треба да се грижат за безбедност на граѓаните.
С. Ивановски