РАСЧИСТЕНО РАЗБОЈНИШТВО ВО КОЧАНИ, ПРИВЕДЕНИ ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ

февруари 18, 2024
0 минути

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Кочани лишија од слобода тројца малолетници од Кочани поради сомнение дека на 17.02.2024 извршиле разбојништво во Кочани. Според пријавеното, на 17.02.2024 околу 07.00 часот физички и со тврди предмети го нападнале М.А. од Кочани во дворот од неговата куќа, по што му одзеле пари.

Со малолетниците бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на јавен обвинител, претставник од Центарот за социјални работи и адвокат, по што, по насока на јавен обвинител, против нив е поднесено известување до ОЈО поради сомнение за сторено кривично дело “разбојништво” по член 237 од Кривичниот законик.

Инаку, тројцата малолетници се сомничат дека во претходниот период извршиле повеќе од 30 кривични дела “кражби”, “тешки кражби”, “тешки кражби на дрзок начин”, “разбјнички кражби” и “разбојништво”.

Соопштение  на  МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ