Следбениците и поддржуваните на ликот и делото на Маршалот на некогашна Југославија Јосип Броз Тито, Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани со положување на свежо цвеќе на бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов, како и на споменикот на Претседателот на Крушевската Република Никола Карев, поставени во „Паркот на Револуцијата“, на симболичен начин и полн со почит кон својата историја го одбележаа еден од најголемите Македонски празници „11 Октомври“.
Со ова членовите и симпатизерите на Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани кои секогаш ги почитуваат и одбележуваат сите значајни празници и кои никогаш не ја делеле историјата и нејзините личности покажаа дека ја почитуваат не само својата држава, туку и нејзината долгогодишна историја.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ