СО ПОЛОЖУВАЊЕ НА ЦВЕЌЕ ЗАПОЧНА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ПРАЗНИКОТ 11 ОКТОМВРИ

октомври 11, 2023
0 минути

Со положување  на  цвеќе  на  „Споменикот на слободата“ и на постаментот пред бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов во „Паркот на револуцијата“ во Кочани започна чествувањето на еден од најзначајните празници во Македонската историја, празникот  11  Октомври.

Делегации од Советот на Општина Кочани, од Сојузот на борците од НОВ, од ОО на СДСМ – Кочани и од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани положија букети цвеќе со што им оддадоа почит на сите оние кои ги дадоа животите за денешната слобода.

Нека ни е честит и вековен празникот 11 Октомври.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ