СО СВЕЧЕНА ПРОГРАМА ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“

април 26, 2024
1 минути

Учениците од ОУ „Никола Карев“ прикажаа свечена програма по повод патрониот празник на училиштето и одбележувањето на 119 години од смртта на претседателот на Крушевската Република.

На присутните гости им се обрати директорот Александар Андов, кој ги истакна остварените проекти.

„И годинава нашето училиште бележи низа успеси реализирани со проекти како што е уредување на училишната зграда и дворните површини, опрема и материјални ресурси со цел одржување на поквалитетна настава и поголеми резултати на сите ученици. Помеѓу двата патроната го уредивме постоечкиот дневен престој и отворивме нов. Го опремивме училишниот двор со детски игралишта и пристапни патеки. Поставивме клупи за рекреација, паркинг-рампа и обезбедивме дополнителен просторза паркирање. Во иднина приоритет ќе ни биде престојот на учениците и вработените во училиштето, со нови реквизити и опрема“ истакна Андов.

Oдбележувањето на патрониот празник продолжува утре, 27 април, со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата, кај с. Тркање и на местото на загинување во месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ