СО ВАКОВ ПРИМИТИВИЗАМ НЕМА ИДНИНА ВО НАШАТА ПАЛАНКА!

ноември 22, 2023
1 min read

ООУ ” Никола Карев ” од Кочани активно се посветува на оплеменување на просторот во училишниот двор и разубавување на средината во која престојуваат децата.

Во тој контекст вчера (вторник) од страна на вработените беа засадени 20 садници од зимзелени дрвца кои требаше дополнително да го подобрат естетскиот изглед на училишниот двор.

Но, најмалку половината од садниците имаа несреќна судбина како резултат на ниската еколошка свест на некои наши сограѓани. За помалку од 24 часа десетина садници покрај патеката кон автобуската станица беа искорнати.

На кого му пречеа ново засадените дрвца не е познато, но едно е сигурно, со ваков однос и примитивизам нема иднина во нашата паланка.

Фотографиите се испратени од револтиран родител кој одел да го пречека своето дете од училиште.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ