СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТА 56 ГОДИШНА ЖЕНА ОД ОРИЗАРИ

јануари 15, 2022
1 минути

Исчезна 56 годишната Јасмина Лазарова од Оризари.

Јасмина е  висока околу 150 сантиметри и е со проседа кратка коса. Последен пат била облечена во кафеав капут,и носела црна капа на главата.

По исчезнатата Јасмина освен членови од семејството и полицијата во потрагата се вклучени и пожарникари од Доброволното против пожарно друштво од Кочани според кои Јасмина последен пат била забележана во текот на вчерашниот ден околу пладне од фабриката „Антура“ кон Горни Подлог.

Од семејството апелираат до сите оние кои ќе ја забележат да се јават на телефонскиот број 077-680-333.

Лицето е со здравствени проблеми.

С. Ивановски