СО ЗАВРШЕН КОНЦЕРТ ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

јуни 5, 2026
1 минути

Со свечен концерт во салата на Центарот за култура „Бели мугри“, учениците и наставниците од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани ги одбележаа патрониот празник и 70-годишнината од основањето.

Под диригентство на директорката Марија Лазарова, хорот и оркестарот на училиштето изведоа познати музички композиции.

Директорката Лазарова изрази почит и благодарност кон ликот и делото на професорот Јуруков и истакна дека празнувањето е можност да им се оддаде признание на сите генерации кои со труд и љубов придонеле за угледот на училиштето.

На манифестацијата беа доделени плакети на долгогодишните поддржувачи на училиштето, а за ученик на генерацијата годинава беше прогласен Климент Филипов.

Училиштето „Ристо Јуруков“ останува препознатлив расадник на млади музички таленти, а неговиот наставен кадар со својот постојан ангажман е значаен двигател на локалната музичка и културна сцена.

Преземено од Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ