АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ЕКО АКЦИЈА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

јуни 4, 2026
0 минути

По повод Светскиот ден за заштита на животната средина – 5 Јуни, в петок, 5 јуни, со почеток во 13 ч., Амфенол технолоџи Македонија ќе реализира екоакција во Кочани, на потегот од Железничката станица, зад пругата и дел од дворот на ООУ „Никола Карев“, до маркетот Кипер.

Целта на настанот е да влијае на подигнување на јавната свест за значењето на зачувувањето на животната средина и преку активности за чистење и уредување на јавни површини, да даде директен придонес во подобрување на јавната чистота.

Екоакцијата ќе се реализира со поддршка од Општина Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ