СОБРАНИОТ СМЕТ ГО ФРЛААТ ВО ШАХТИТЕ

август 13, 2022
1 минути

Сопствениците на дуќаните кои се во приземјето на блок „Б“ во Градскиот Трговски Центар и секогаш се на удар на поплави по поројните дождови, ни испратија неколку фотографии и допис со молба истиот да го објавиме.

„Еве ви неколку фотографии од пред нашите дуќани. Секое утро точно е дека се мети но ѓубрето наместо да се собере и однесе на некоја депонија или во некој контејнер често се фрла во шахтите пред нашите дуќани кои немаат капаци. Во шахтите можете да најдете се, од пластични шишиња и чаши, до лисје и се друго што наутро ќе се измети и овде ќе се фрли. Токму ова е причината за нашата реакција. Така одводите се затнуваат па кога има врнежи од дожд и тоа допринесува водата да се собира и да навлегува во нашите дуќани. Оваа појава е се позачестена последните неколку месеци па апелираме до надлежните да реагираат и да им објаснат на метачите дека тоа не е начин на собирање на ѓубрето. Се надеваме дека ќе го објавите овој наш апел бидејќи навистина ни прави проблем кога ќе има обилни врнежи од дожд. Ви благодариме за отстапениот простор“.

Корисници на деловен простор

Во Блокот на Б на ГТЦ – Кочани