ОД ФК „ОСОГОВО“ ОДГОВОРИЈА СО ДА, ФУДБАЛОТ СЕПАК СЕ ИГРА ЗА ГЛЕДАЧИТЕ

Во Спорт
август 24, 2023
0 минути

Иако стартот на „Осогово“ во годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига започна лошо, сепак потегот на управата на кочанскиот второлигаш е за респект и почитување.

Имено, како што дознаваме тие позитивно одговориле на барањето на ФК „Башкими“ со кои се среќаваат во сабота, да нивни гледачи можат да присуствуваат на натпреварот.

Стадионот „Никола Мантов“ ги исполнува сите услови, па така гостинските навивачи ќе бидат сместени на источната трибина.

„Потегот на нашите спортски пријатели од Осогово многу го цениме. Задоволни сме од одговорот и ние во клубот а и нашите навивачи. Од Осогово со ова покажаа една големина и дека спортот пред се се игра за гледачите. Се надеваме дека на пролет ќе им вратиме со иста мера. Спортот треба да ги зближува луѓето и со ваквиот однос на Осогово кон нас ние веќе станавме големи пријатели. Уште еднаш им благодариме“ беше изјавата на претседателот на ФК „Башкими“ Арменд Дестани.

Со ваквиот потег еден од најстарите клубови во земјата покажа голем респект кон сите навивачи бидејќи фудбалот не се игра само за бирократијата и службените лица, фудбалот се игра најповеќе за гледачите.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ