СООБРАЌАЕН ХАОС НА ПАТОТ КОН „ПОНИКВА“

јануари 15, 2023
1 минути

Како што ни јавуваат наши читатели денес на „Пониква“ вриело како во кошница. Сончевото време и снегот кој го има на Пониква беа вистински предизвик голем број љубители на природата не само од Кочани туку и од други градови во државата да заминат на оваа туристичка дестинација.

Но сепак многумина биле разочарана од „старата болест“ на овој туристички центар. Немањето доволен број на простор за паркирање било причината лентата од десната страна на патот кон центарот да биде блокирана од паркирани возила во должина од 2-3 километри.

Сето тоа создавало слика на ново разочарување кај посетителите.

Иако со години наназад се ветуваше а и уште се ветува  дека слободниот простор кај „Аеродромот“ ќе се искористи за паркирање на возила за жал тоа е по се изгледа тема само додека трае зимската сезона, а откако таа ќе заврши се чека следната зима за повторување на веќе еднаш кажаното.

Ако навистина се има желба „Пониква“ да стане туристички центар (за такво нешто ги исполнува сите услови) треба сите недостатоци да се отстранат, да се обезбеди доволен паркинг простор и да се реши проблемот со фрлањето смет на кого каде ќе му текне.

 

С.  Ивановски