СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КОН ПОНИКВА

јануари 26, 2025
1 минути

На 25.01.2025 во 10.06 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Зрновци – Пониква се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дефендер“, сопственост на МВР и патничко возило „опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(31) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел корса“ – Е.С.Б. и четиригодишно дете од Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани во присуство на претставник од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Дневен билтен на  МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ