СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БЛИЗИНА НА ЧЕШИНОВО СО ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ

февруари 14, 2024
1 минути

Две лица го загубиле  животот а петмина се повредени по тешката сообраќајна несреќа што денес се случи на експресниот пат Штип-Кочани кај клучката во близина на селото Чешиново.

Во несреќата која се случила петнаесетина минути пред 13 часот учествувале три патнички моторни возила.

Според очевидци глетката по несреќата изгледала стравотно.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ