На 19.06.2025 во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 12.30 часот за време на одржување на седница на Советот на општина Кочани, по претходно недоразбирање, А.А., советник во Советот на општината, се обидел физички и со тврд предмет да го нападне В.А. од Кочани, исто така, советник во Советот на општина
Кочани, но бил спречен од присутните, по што фрлил шише со вода кон него, но го промашил и во лице ја погодил А.К.(46) од Кочани, вработена во општината, која била пренесена во здравствена установа за укажување помош. По целосно документирање на
случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ