ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ВО ПОТРАГА ПО СПАСОНОСНИТЕ БОДОВИ

Во Спорт
мај 3, 2024
1 минути

Утре (Сабота) на програмата се натпреварите од 28-то коло во Втора Фудбалска Лига.

„Осогово“ го пречекува стариот должник, кочанчани ќе му бидат домаќини на „Скопјје“, екипа со која секогаш тешко излегува на крај. Но за „жетварите“ единствена опција се трите бода па затоа љубителите на фудбалот во Кочани очекуваат голема борба за секоја топка и на крајот нови три бода на контото.

Двојки од 28-то коло:

„Осогово“ – „Скопје“

„Охрид“ – „Детонит Плачковица“

„Каменица Саса“ – „Кожуф“

„Новаци“ – „Караорман“

„Беласица“ – „Вардар“ (Н)

„Победа“ – „Аресими“

„Башкими“ – „Пелистер“

„Тетекс“ – „Беса“

Натпреварите започнуваат во 13:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ