СООПШТЕНИЕ ОД ОО СДСМ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

мај 17, 2022
1 min read

Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ во Чешиново-Облешево никако да се разбуди од зимскиот сон. Поминаа 7 месеци од превземањето на локалната власт, а градоначалникот Далибор Ангелов и раководството на ВМРО ДПМНЕ  не се појавуват во јавност.

Апатијата на ВМРО ДПМНЕ  оди до таму што не само што не ги реализираат ветените проекти пред изборите туку не можат да ги довршат и проектите оставени од претходниот градоначалник. Пред очите на целата јавност и по социјалните медиуми ВМРО ДПМНЕ  се фали со проекти завршени и реализирани од претходниот градоначалник.

Јавно го прашуваме градоначалникот за вчерашната објава проект “Детско игралиште со реквизити и опрема” како може да манипулира со жителите на Чешиново-Облешево? По повод објавата за проектот бараме одговор на следниве прашања од ВМРО ДПМНЕ: кога е направен проектот , кога се одобрени и обезбедени средствата и кога е завршен ?

Проблемите се таложат од ден во ден во секое населено место , а ВМРО ДПМНЕ наместо да ги решава, крои планови и стратегија за блокади и предвремени парламентарни избри.

Ваква пасивност што се случува во изминатите неколку месеци од страна на локалната власт од ВМРО ДПМНЕ не се памети во општина Чешиново-Облешево.

Со почит,

ОО СДСМЧешиново-Облешево