Почитувани, ,,новото” ДПМНЕ продолжува со старата пракса на поставување на кадри со класична партизација и клиентелистичко однесување.
Иако граѓаните очекуваа да се побрза со отварање на новата градинка направена во време на СДСМ, единствено што се брзаше е дека деновиве за ВД Директор на ЈГДУ ,,Павлина Вељанова” е назначено лице по седми пат како вршител на должност.
Како политичка партија, по претходниот ваш по сите параметри неуспешен мандат, укажувавме дека ова персонално решение е резултат на чист партиски притисок и ситни политички калкулации,а најмалку резултат на стручност и компетентност.
Со право граѓаните очекуваат стручни,кредибилни и компетентни раководители на чело на институции битни за нормално функционирање на заедницата.
За жал,изборот на “надпартискиот” градоначалник со строго партиски насоки е истата личност по седми пат. Личност која со предходното практикување на позицијата ВД Директор на ЈГДУ,,Павлина Вељанова”, остави безброј сомнежи за своето работење, како што е работен ангажман на лице без соодветна лиценца, недомаќинско трошење на финансиски средства за сомнителни активности и сл.
Детските градинки мора да обезбедат квалитетна, безбедна и професионална грижа за најмладите. Сите партиски експерименти во институции од ваков тип, ќе донесат само штета и нефункционалност на истите.
Твојот човек, на било кое место за сопствена иднина, а штетата ќе ја плаќат граѓаните.
ОО СДСМ Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
