Денеска работевме на Градската депонија, го средивме натрупаниот отпад, воспоставиме ред при истоварувањето, сѐ со цел во пресрет на летниот период таа да биде уредена и да не претставува критична точка за аерозагадување.
Видеото ја покажува разликата на претходната и сегашната состојба, а Општина Кочани ги презема сите законски мерки Градската депонија да функционира нормално до завршување на проектот за регионална депонија.
Грижата за чист воздих и здрава животна средина се приоритет, особено што овој период од лекување се враќаат млади со ранливи дишни патишта.
Венко Крстевски,
в. д. градоначалник на
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ