СОВЕТНИКОТ ВЕНКО КРСТЕВСКИ ПОБАРА РАСПУШТАЊЕ НА СОВЕТОТ, СОВЕТНИЦИТЕ ГИ ФАТИ ПАНИКА

ноември 14, 2022
1 min read

Како дополнување на Дневниот ред на денешната 20-та седница на Советот на Општина Кочани, советникот Венко Крстевски користејќи го член 74 за „Самоиницијативно распуштање на советот“ побара распуштање на Советот на Општина Кочани по што советниците од власта и опозицијата ги фати паника.

Неколкупати се започнуваше расправата за овој предлог, но исто толку пати и се прекинуваше со давање пауза од Претседателот на Советот.

Членот 74 гласи: „Советот се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број членови на советот“. По се изгледа на една од паузите беше постигнат договор да не се изгласа овој предлог па за да не биде се така монотоно со ЗА гласаа тројца советници, предлагачот и координаторите на мнозинството и опозицијата.

Советникот Венко Крстевски предлогот го образложи дека за распуштање на Советот постојат неколку оправдани причини:

-нефункционалност на Советот;

-селективно работење;

-неспособност на мнозинството,

односно не спроведувањето на голем број донесени одлуки.

Никој не сака за два часа работа да не си го добие паушалот од цца 300 евра во денарска противвредност.

С. Ивановски