СОВЕТОТ ОДЛУЧИ, ЌЕ СЕ ИНТОНИРА ХИМНАТА ВО СИТЕ УЧИЛИШТА И ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СЕДНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ

ноември 14, 2023
1 минути

На 37-та Седница на Совет на општина Кочани, советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Гоце Марков поднесе Предлог препорака до Градоначалник и Советот на Општина Кочани за донесување одлука за интонирање на националната химна во сите основни и средни училишта на територијата на општина Кочани секој Понеделник пред започнување  на  наставата. Предлогот беше надополнет од советникот Венко Крстевски од независната листа за интонирање на химната и пред почетокот на секоја седница на Советот на Општина Кочани.

И двата предлога беа прифатени и со 15 гласа  ЗА, истите беа усвоени од страна на советниците на Општина Кочани.

Според предлагачите  бенефит од овие предлози е создавање на позитивни навики и љубов кон државните симболи а со тоа и почит кон државата во која живееме.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ