Новогодишната ноќ кога е во прашање побараната итна медицинска помош поминала релативно мирно и ако се направи споредба со претходните години таа е една од најмирните досега.
Од 19:00 часот во петокот па до денес 08:00 часот итна медицинска помош побарале 25 пациенти.
Двајца возрасни (маж и жена) биле во пијана состојба, тројца учествувале во некаква расправија во Свети Николе а останатите пациенти се јавиле бидејќи имале вообичаени тегоби: кашлање, покачена температура и стомачни тегоби.
Од сите 25 пациенти ниту еден не бил малолетник што секако е за поздравување.
С. Ивановски