Денес попладне на платото во Градскиот Трговски Центар во Кочани беше донесена а подоцна и поставена Новогодишната елка. За разлика од претходните години годинешната елка е природна, некој ја пресечел и ја донел во трговскиот а истата можела да си остане во природата и на платото да се постави елката која минатите години овде за Новогодишните и Божиќните празници стоеше.
Да иронијата биде поголема за да се постави елката мораше да се извадат дел од гранитните плочки.
Дали беше оправдан ваквиот потег има кој да каже, наше е да го нотираме настанот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ