СТАНАРИТЕ ОД ЗГРАДИТЕ СИ ГО БАРААТ СВОЈОТ ПАРКИНГ ПРОСТОР

јануари 9, 2024
0 минути

Станарите од зградата на некогашен Комитет, на Стопанска Банка и другите две згради во овој круг,  апелираат до сите оние кои го узурпираат како што истакнуваат нивниот паркинг простор, да си ги паркираат возилата на други паркинзи а просторот позади нивните згради да им го остават ним на оние кои тоа го плаќаат.

„Погледнете ги фотографиите и уверете се со какви се проблеми се соочуваме ние жителите во овие станбени објекти. Ние за овој простор плаќаме користење на јавна прометна површина и собирање на смет и ние како станар го имаме правото да го користиме овој простор за да ги паркираме нашите возила. Вака е вистински хаос. Многумина непоканети доаѓаат си ги паркираат кој каде ќе стигне возилата со што честопати ги блокираат и нашите возила. Не можам да ги разберам тие „паметни“, доаѓаат во трговскиот, седат по кафеаните по неколку часови а не сакаат да платат паркинг простор па доаѓаат и го користат нашиот паркинг простор. Неколкупати размислуваме да почнеме да им ги оштетуваме гумите за да се научат на некаков ред ама со сила не се постигнува ништо. Апелираме до надлежните служби да изнајдат начин и да го решат нашиот проблем кој е се поприсутен“ беше изјавата на еден од станарите на една од овие неколку згради.

Фотографиите го отсликуваат хаосот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ