СТАРТУВА ПРВЕНСТВОТО ВО ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ

Во Спорт
септември 9, 2022
1 минути

Претстојниот викенд започнуваат натпреварите од Прва Фудбалска Лига за жени.

По една година пауза во прволигашкото друштво се враќа и екипата на „Кочани“. „Жетварките“ со нов состав ќе се претстават пред своите симпатизери, откако во летниот преоден рок за „Кочани“ потпишаа: Клара Андреевска (голман, доаѓа од Борец – Велес), Викторија Стојаноска (напаѓач – Плачковица), Елеонора Николовска одбрана – (Каменица Саса), Марија Бојкова (средина – Плачковица), Теодора Бумбаровска (средина – Каменица Саса).

Инаку во првото коло во Недела „Кочани“ му гостува на „Ас Јунајтед“, додека дерби натпреварот се игра во Тетово каде Шампионот „Љуботен“ ја пречекува екипата на „Тиверија“.

Двојки од првото коло

„Ас Јунајртед“ – „Кочани“

„Љуботен“ – „Тиверија“

„Речица“ – „Каменица Саса“

„Деспина“ – „Борец“

„Скопје 2014“ – „Шкендија“

Во првото коло слободна е екипата на „СЦ Истатов“

Натпреварите од првото коло започнуваат во 16:00 часот.

С. Ивановски