ГЕНЕРАЦИЈАТА „ПИОНЕРИ“ И „ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ“ НА ГФК „ОСОГОВО“ ОД СЛЕДНОТО ПРВЕНСТВО ЕДЕН РАНГ ПОВИСОКО

Во Спорт
април 30, 2022
1 минути

Убав успех постигнаа генерациите „Пионери“ и „Помлади пионери“ на ГФК „Осогово“ во годинешното првенство.

На конечната табела и двете генерации се убедливо први со што обезбедија пласман идната година да се натпреваруваат еден ранг повисоко во младинските лиги, односно да ги играат натпреварите во Првата младинска фудбалска лига која е втора по квалитет, веднаш зад Супер лигата.

Генерацијата „Пионери“ родени 2005 која ги предводи Доминик Тенев со денешната победа од 3:1 против „Академија Пандев јуниор“ од Драчево ја завери шампионската титула која беше освоена неколку кола пред одигрувањето на ова последно коло.

 

И генерацијата „Помлади пионери“ родени 2006-2007 година под палката на Тоде Митев е прва на табелата. И тие денес ја совладаа екипата на „Академија Пандев јуниор“ од Драчево со 6:0 и ја заверија шампионската титула.

Успехот ќе добие уште повеќе на тежина доколку и сениорската екипа на „Осогово“ се пласира во единствената втора лига која ќе стартува во следното првенство.

Честитки до „Пионерите“ и „Помладите Пионери“ на ГФК „Осогово“ за постигнатиот успех.

С. Ивановски