Во Недела (8.03.2026 година) стартуваат натпреварите од пролетниот дел на првенството 2025/2026 во Трета Фудбалска Лига – Исток.
Наместо 11 екипи колку што го завршија есенскиот дел од првенството сега в пролетниот ќе стартуваат само 9 екипи бидејќи „Светлост“ – Зрновци и „Рудар“ – Пробиштип се повлекоа од натпреварувањето.
Двојки за 12-тото коло:
Брегалница 1926 – Ударник
Тиверија – Овче Поле
Хоризонт Турново – Дојранско Езеро
Слободни се екипите на Победа (Валандово), Малеш и Карбинци.

Во пресрет на пролетниот дел на првенството во Кочани се одржа редовен семинар за судиите и контролорите во Трета Фудбалска Лига – Исток. На стадионот „Никола Мантов’ судиите полагаа физички норми, а потоа се полагаше и практичниот дел.
Членот на Судискиот одбор при ФФМ Дејан Јакимовски одржа предавање на кое присутните ги запозна со новите измени и правила на фудбалската игра.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
