ДВЕ ТРЕТИ МЕСТА ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО – СЛОБОДЕН СТИЛ У-23

Во Спорт
февруари 11, 2023
1 минути

Во организација на Боречката Федерација на Северна Македонија и техничка организација на БК „Бучим“ денес во Радовиш се одржа Државното првенство – слободен стил и борење за жени У-23.

Екипата на БК „Спартак“ учествуваше со тројца борачи кои освоија две трети места и едно петто место

Дамјан Крстов во категорија до 57 килограми и Леон Трајанов во категорија до 92 килограми ги освоија бронзените медали, додека Петар Иванов во категорија до 79 килограми беше петти.

И двете медали се убаво навестување дека за борачитена „Спартак“  оваа година ќе биде плодна.

С.  Ивановски

 

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ