СТАРТУВАШЕ ДЕТСКАТА РЕГИОНАЛНА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Во Спорт
септември 24, 2024
0 минути

Изминатиот викенд стартуваа натпреварите во Детската Регионална Фудбалска Лига. Се одигра првото коло за генерација 2010/2011 (петлиња).

Екипата на „Фудбал Старс“ од Кочани со победа го отвори првенството. Тие како домаќини ја совладаа екипата на „Победа“ од Валандово со 4:2. Предводени од разиграниот и ефикасен Филип Митев кој постигна два погодока успеаја да совладаат една жилава и организирана екипа. Преостанатите погодоци за домаќините се дело на Никола Димитров (пенал) и Тихомир Велков.

Резултати од 01. коло:

Фудбал Старс – Победа (Валандово)  4:2

Атлетико – Беласица  1:6

Јанг Боис – Брегалница   0:0

Овче Поле – Тополка  1:1

Рудар (Пробиштип) – Брера Струмица АД  3:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ