СЕМЕЈНАТА ТРАДИЦИЈА НА СКИЈАЧКИТЕ ПАТЕКИ ПРОДОЛЖУВА

Во Спорт
јануари 28, 2023
1 минути

Она што пред повеќе д половина век го започна Никола Христов – Мице, сега го продолжува една од неговите ќерка Ратка Ефремова, со што семејната традиција за скијањето е сочувана.

Никола Христов – Мице пред повеќе од половина век беше еден од најдобрите скијачи на Кочани а истовремено и планинар, еден од тројцата од Кочанската експедиција што далечната 1980 година го освоија кровот на Европа, Мон План. Тој започна да учи да скијаат дечиња почетници кои подоцна беа успешни членови на скијачкото друштво од Кочани. Подоцна се повлече, но остави свој наследник кој еве денес таму горе на Пониква со голем успех учи дечиња и други заинтересирани да скијаат.

Една од ќерките на Никола, Ратка Ефремова која по професија е дипломиран професор по предучилишна и одделенска настава денес на белите патеки на Пониква учејќи дечиња почетници во скијањето ја продолжи и ја сочува семејната традиција. Продолжи да ја пишува убавата приказна за Осоговските планини, за Пониква и за убавините на скијањето.

Како единствен лиценциран ски инструктор од MAISS Ефремова во овие зимски денови со дечињата и сите останати кои ја посетуваат нејзината скијачка школа секојдневно ја користи малата патека на ски-лифт 1 и ги учи за тајните на овој мошне убав спорт.

Досега низ скијачката школа на Ефремова поминале и се научиле да скијаат околу илјада посетители но не само дечиња туку и од други возрасти.

Како што знае да каже, таа тука нема да застане, ќе продолжи и понатака да го работи она што татко и Никола ја научил уште додека била мала, а тоа е да ја сака планината а белите зимски патеки да ги користи за еден од најубавите спортови, скијањето.

Ги повикува сите заинтересирани кои сакаат да научат да скијаат да ја контактираат на нејзиниот телефонски број: 070-354-898

С.  Ивановски