Донеодамнешниот играч на „Осогово“ Стојче Стојов еден од подобрите играчи за врска во Македонија денес потпиша двегодишен договор со екипата на „Силекс“.
Откако лошо се раздели со „Осогово“ Стојче Стојов замина за Кратово каде вредно тренираше а на подготовките го покажа сиот свој раскошен талент па денес седна на маса и со одговорните од Кратовскиот прволигаш потпиша двегодишен договор.
Инаку Стојче Стојов потекнува од Фудбалската школа „Фудбал Старс“ од Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ