СТОЛЕ ЕФТИМОВ И НЕНАД ЈАНКУЛОВ СЕ ВРАЌААТ ВО БК „СПАРТАК“

Во Спорт
јануари 11, 2025
1 минути

Добри вести за борењето во Кочани пристигнаа денес. Ангажираноста на Претседателот на БК „Спартак“ – Кочани Зоран Сребренов ги даде посакуваните резултати. По неколкугодишно отсуство во матичниот клуб се враќаат Столе Ефтимов и Ненад Јанкулов.

Јанкулов моментно живее во Германија но со него „Спартак“ постигна договор така да ќе ги засили редовите на најтрофејниот клуб во Кочани.

Столе Ефтимов е дете на „Спартак“ а лозата Ефтимови со децении наназад има оставено длабоки корени не само во борењето во Кочани туку и пошироко.

Двајцата ќе ги има „Спартак“ на располагање веќе на „Државното првенство за сениори“ кое ќе се одржи на 8-ми Февруари оваа година

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ