„ОСОГОВО“ КАКО ИЗДИШНАТ БАЛОН

Во Спорт
мај 28, 2023
1 минути

„Осогово“ го загуби бараж натпреварот против „Тетекс“ за влез во Втора Фудбалска Лига и сега сите очи се насочени кон жрепката во Вторник во 17:00 часот кога среќата ќе одлучи кои две екипи од трите екипи што денес загубија ќе бидат членови на Втората Фудбалска Лига. Но тоа е веќе среќа, шансите се 33%.

Инаку денес на стадионот во Маџари „жетварите“ со својата игра покажаа и дека не заслужуваат да играат еден ранг повисоко бидејќи ништо не одиграа. Натпреварот го започна со дефанзивна игра надевајќи се на нешто кое ни самите не знаеја на што.

Но кога во 13’Меритон Салији го постигна првиот погодок за Тетовчани беше јасно дека „жолто-сините“ ќе мора да се подотвора, а кога три минути подоцна (16’) Јусуф Мустафа и втор пат ја затресе мрежата на „Осогово“ стана јасно дека Втора Фудбалска лига засега ќе остане еден сон. „Тетекс“ до крајот на полувремето во 36’ преку Трајче Стојановски постигна уште еден погодок што ја потврди констатацијата дека „Осогово“ по само 45 минути го загуби натпреварот.

Во вториот дел кочанчани во 65’ го намалија резултатот преку Драган Цветанов, но тоа како уште повеќе да го налути противникот па до крајот на натпреварот играчите на „Тетекс“  му даде уште три гола на „Осогово“ (Меритон Салији 75’, Јусуф Мустафа 85’ и Христијан Кировски 90’) и му го нанесоа еден од потешките порази.

Но што е тука, надежта последна умира и ако има „Осогово“ среќа ќе игра догодина во повисок ранг, во спротивно  нека некој ги засука ракавите, нека ја среде состојбата во клубот и нека создава тим од свој кадар па макар и 2-3 години да игра во Трета Фудбалска Лига.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ