Денес во просториите на ОФС – Кочани, Судискиот актив при ОФС – Кочани го одржа својот редовен состанок на кој присутните дебатираа по неколку точки.
-Најпрвин беше направена анализа на досегашниот дел од пролетната сезона на која судеа и беа делегирани службени лица од Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани.
-Постигнат е договор во секој од наредните месеци да се организираат семинари за млади судии кои ќе изразат желба да бидат дел од фудбалското семејство.
-Договорени се следните активности кои ќе бидат реализирани од страна на Судискиот актив заедно со Управниот Одбор прти ОФС Кочани.
-На крајот од состанокот се искажа големо задоволство од досегашната соработка што ја имаат членовите на Судискиот актив при ОФС – Кочани со Судиската комисија при ФФМ а беше упатена и порака со благодарност за поддршката што ја добива ОФС – Кочани од Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ.
Инаку семејството при Судискиот актив на ОФС – Кочани е зголемено со 6 нови млади судии, меѓу кои и една девојка.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ