НА 28 МАЈ ВО КОЧАНИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ХУМАНИТАРНА РОТАРИ ТРКА

Во Спорт
мај 23, 2023
1 минути

В недела, на 28 мај по улиците во централното градско подрачје во Кочани,  ќе се одржи хуманитарна трка во организација на Ротари клубот Кочани-Виница.

На повикот за учество во трката досега се пријавени стотина учесници, а организаторот очекува нивниот број да се удвои.

Учесниците ќе трчаат на 5 и на 10 километри, а годинава ќе има и фамилијарна трка, на 2,5 км.

Општина Кочани е еден од поддржувачите на Ротари трката, која ќе биде проследена и со музичко-забавни содржини во Паркот на Револуцијата.

Ротари клубот Кочани-Виница ги повикува сите љубители на трките да земат учество во натпреварот, а граѓаните на Кочани масовно да им дадат поддршка на тркачите по кочанските улици.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ