Ознака: акција-чистење
УРЕДУВАЊЕ НА ВЕГЕТАЦИЈАТА ОКОЛУ СТОЛБОВИТЕ ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ВЛЕЗОТ ВО КОЧАНИ
Екипи на Општина Кочани и избраниот изведувач за одржување на јавното осветлување „Електрика“, со поддршка од КЈП „Водовод“ и МВР, реализираат координирана акција за кастрење на вегетацијата околу столбовите за јавно осветлување. Акцијата се спроведува на потегот познат како Зелен Појас, по улицата „Димитар Влахов“ до спојот со улицата „Павлина Велјанова“, каде што во изминатиот…
ПОВТОРНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА НЕЛЕГАЛНО ИСФРЛЕНИОТ ОТПАД КАЈ ФАБРИКАТА ЗА ВОДА ВО КОЧАНИ
Општина Кочани, во соработка со КЈП „Водовод“, повторно реализираше чистење на нелегално исфрлениот отпад во непосредна близина на Фабриката за вода. Од теренот беше отстранет разновиден отпад, меѓу кој градежен шут, кабаст отпад и пластика, со што просторот повторно беше доведен во уредна состојба. Општина Кочани апелира до граѓаните да не исфрлаат отпад на несоодветни…
РАСЧИСТЕН ЗАПУШТЕНИОТ ПРОСТОР ОКОЛУ НЕКОГАШНИОТ ХОТЕЛ „ТУРИСТ“
Околината на некогашниот хотел „Турист“, која подолг период беше запуштена, обрасната со вегетација и нечиста, е целосно расчистена. Општина Кочани реализираше акција за уредување и чистење на овој простор со цел подобрување на јавната хигиена на овој простор. Во рамки на активностите беше отстранета самоникнатата вегетација, собран и изнесен насобраниот отпад, а просторот е исчистен…
ВТОР ДЕН СЕ РАСЧИСТУВА ДЕПОНИЈАТА ВО МЕСНОСТА „ДИВИ ГРАДБИ“ – ОТСТРАНЕТИ НАД 500 МЕТРИ КУБНИ ОТПАД
Втор ден трае расчистувањето на дивата депонија во месноста позната како Диви Градби, која се наоѓа меѓу населбите Трајановo Трло и Усова Чешма во Кочани. Акцијата ја спроведуваат екипи и механизација на КЈП „Водовод“, кои досега изнесоа повеќе од 500 кубни метри отпад. На терен се и градоначалникот Владко Грозданов и директорот на КЈП „Водовод“…
АКЦИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА НА ПОТЕГОТ ОД ФАБРИКА „РУЕН“ ДО СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“
Екипи на КЈП „Водовод“ реализираа акција за подобрување на јавната хигиена на потегот од фабриката „Руен“ до СОУ „Гошо Викентиев“. Во рамките на акцијата се чистеа јавни површини и се отстрануваше насобраниот отпад и обраснатото зеленило по рабниците на тротоарите долж овој фреквентен дел од градот. Акцијата е дел од континуираните активности за подобрување на…
СЕ СПРОВЕДУВА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ УЛИЦИ И ТРОТОАРИ ВО ГРАДОТ
Со цел да се подобри степенот на јавната чистота, во текот на викендот екипи на КЈП „Водовод“ – Кочани спроведоа акција за чистење на улиците и тротоарите низ градот. Активностите беа насочени кон јавни површини на коишто подолг период немало континуирано одржување и собирање на отпад. Координирани од градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и…
ИСЧИСТЕН ПРОСТОРОТ ОКОЛУ АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО КОЧАНИ
КЈП „Водовод“ денеска брзо интервенираше со чистење на уште една проблематична локација во Кочани, веднаш зад Агенцијата за вработување. Просторот, кој беше загаден и целосно обраснат со вегетација, се наоѓа во близина на Заштитната работилница на „Руен“. Акцијата беше реализирана по сугестија на советничката Благица Сабовљевиќ Стоименова, со што се подобрени условите и уредениот изглед…
ОТСТРАНЕТ ОТПАДОТ ПОД БУЛЕВАР „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“
Комуналните екипи на КЈП „Водовод“ спроведоа брза акција за отстранување на поголема количина отпад под потпорниот ѕид на булеварот „Тодосија Паунов“, во близина на Железничката станица. Со навремената интервенција беше исчистен просторот кој често е изложен на несоодветно исфрлање смет. Покрај тоа, службите работеа и на уредување на влезниот дел од Градската капела, каде што…
НОВИ АКЦИИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ТРАЈАНОВО ТРЛО И ВО РОМСКОТО МААЛО
КЈП „Водовод“ денеска спроведе акции за чистење на нови диви депонии во населбата Трајаново Трло, на потегот над детското игралиште и на неколку локации во Ромското Маало. Интервенцииите опфатија отстранување на различни видови отпад во огромни количини, исфрлен непрописно. Ова се локации што често се загадуваат и покрај редовните реакции и зголемениот ангажман за одржување…
КЈП „ВОДОВОД“ СО ПОВТОРНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОНТЕЈНЕРИТЕ КАЈ АСНОМ
Комуналните служби на Општина Кочани и екипите на КЈП „Водовод“ континуирано се соочуваат со сериозни предизвици во одржувањето на јавната чистота. И покрај редовното празнење на контејнерите и отстранувањето на комуналниот отпад, за само еден ден тие повторно се полнат – честопати и со големи количини градежен и кабаст отпад кои се оставаат на јавните…
