Ознака: бк спартак
БОРАЧОТ НА „СПАРТАК“ РАСУЛ ШАПИЕВ, ДЖАВЕН ШАМПИОН
Во организација на Боречкиот Клуб „Балканец“ од Штип а со техничка поддршка на Боречката Федерација на Македонија, денес во Штип во салата „Тошо Арсов“ се одржа Државното првенство на Македонија во борење, сениорска конкуренција. Екипата на „Спартак“ на ова првенство броеше тројца борачи кои по завршувањето на натпреварите освоија едно прво, едно трето и едно…
АТАНАСИЈА ГУШКОВА ДРЖАВЕЕН ПРВАК ВО БОРЕЊЕ ВО КАТЕГОРИЈА ПИОНЕРИ У-15
Во организација на БК „Балканец“ од Штип а со поддршка од Боречката Федерација на Македонија денес во Штип во салата „Тошо Арсов“ се одржа Државното првенство во борење за пионери У-15. Борачите на Спартак“ од Кочани освоија еден златен медал во женска конкуренција и четири бронзени во машка конкуренција. Златниот медал во женска конкуренција го…
ЕДНО ТРЕТО МЕСТО ЗА БК „СПАРТАК“ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ У-20
Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со Техничка организација на БК „Бучим“ од Радовиш, денес во Спортската сала „25-ти мај“ во Радовиш се одржа „Државното првенство во борење слободен стил и борење за девојчиња У-20“. Б.К. „Спартак“ на првенството партиципираше со тројца борачи кои освоија 1 трето место и 2 петти места. Бронзениот…
СТОЛЕ ЕФТИМОВ И НЕНАД ЈАНКУЛОВ СЕ ВРАЌААТ ВО БК „СПАРТАК“
Добри вести за борењето во Кочани пристигнаа денес. Ангажираноста на Претседателот на БК „Спартак“ – Кочани Зоран Сребренов ги даде посакуваните резултати. По неколкугодишно отсуство во матичниот клуб се враќаат Столе Ефтимов и Ненад Јанкулов. Јанкулов моментно живее во Германија но со него „Спартак“ постигна договор така да ќе ги засили редовите на најтрофејниот клуб…
ДВЕ БРОНЗИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО БУГАРИЈА
Меѓународниот турнир во борење „Венцислав Полизоев“ кој во саботата се одржа во Петрич (Бугарија) привлече околу 200 борачи од клубовите во Македонија, Бугарија, Грција и Молдавија. Експедицијата на „Спартак“ – Кочани беше застапена со четири борачи а Игор христов беше еден од делителите на правдата на душекот. Борачите на „Спартак“ дома се вратија со две…
ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ОСВОЈУВАЧ НА ТРОФЕЈОТ НА 24. ИЗДАНИЕ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „ЛЕГЕНДИТЕ НА СПАРТАК“
Во организација на БК „Спартак“ од Кочани а со помош на Боречката Федерација на Македонија, Општина Кочани и локалниот бизнис сектор, денес во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани се одржа 24. издание на Меморијалниот Меѓународен турнир во борење, слободен стил „Легендите на Спартак“ кој е продолжение на турнирот „Андонов-Колев“. На турнирот учествуваа…
ВО САБОТА 24. ИЗДАНИЕ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ МЕЃУНАРДЕН ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „ЛЕГЕНДИТЕ НА СПАРТАК“
Во Сабота (23.11.2024 година) во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани, на програмата е 24-тото издание на Меморијалниот Меѓународниот турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“. Натпреварите започнуваат во 11:00 часот, а за во 14:30 часот е закажано свеченото отворање. Турнирот ќе финишира од 15:00 часот кога започнуваат финалните борби. На турнирот…
ПО ЕДЕН ЗЛАТЕН И БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА ТУРНИРОТ „ШКУПИ ОПЕН 2024“
Во организација на БК „Шкупи“ од Скопје, денес во спортската сала „Зеф Љуш Марко“ во Скопје се одржа Меѓународен турнир во борење слободен стил У-15 „Шкупи Опен 2024“. На турнирот учествуваа повеќе од 200 борачи од 10 држави: САД, Словачка, Франција, Турција, Австрија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово и домаќинот Република Македонија. БК „Спартак“…
ДВЕ СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА „ТРОФЕЈ ШТИПСКИ БОРЕЧКИ АСОВИ“
Во организација на БК „Балканец“ – Штип во неделата во градот под Исарот се одржа Меѓународниот турнир во борење во слободен стил „Трофеј Штипски боречки асови“.На турнирот зедоа учество шест борачи од БК „Спартак“ кои освоија две сребрени медали. Даријан Павлев во категоријата до 68 килограми и Јован Илијев во категоријата до 52 килограми ги…
БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ ОСВОИЈА ТРИ МЕДАЛИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „13 НОЕМВРИ“
Во организација на Боречкиот Клуб „Тефејуз“ во саботата во Спортската сала „Зеф Љуш Марко“ во Скопје се одржа 18-тиот меѓународен турнир во борење слободен стил „13 Ноември“ на кој зедоа учество борачи од Македонија, Турција, Албанија, Бугарија и Косово. На турнирот се натпреваруваа борачи од генерациите 2009, 2010 и 2011 година. Боречкиот Клуб „Спартак“ од…
