ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЦЈЕ – ПЛАНИНАРСКА ТУРА ДО ПАНАЃУР

јуни 6, 2023
0 минути

В сабота, на 10 јуни, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани организира планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква, под мотото Пешачењето е здравје.

Движењето ќе биде организирано во група што ќе ја водат планинари од КПС „Москито“, а во активноста ќе се вклучат и членови на Извидничкиот одред „Ластовица“. Планинарската тура до врвот Панаѓур е со вкупна должина од 6 км и се поминува за околу три часа. На врвот Панаѓур (1669 м н. в.) ќе има кратка презентација за правилата за движење во планина.

Поаѓањето кон Пониква е од Градскиот плоштад во Кочани, во 7:30 ч., со општинскиот автобус. Заинтересираните учесници може да се пријават на телефонскиот број 072 306 081, до четврток, до 12 ч.

Активноста се реализира согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2023 г. и има за цел да ја промовира физичката активност како фактор за добро здравје.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ