Ознака: ротари
РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА, ГОЛЕМ ЧЕКОР КОН ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И ИНКЛУЗИЈА
Ротари клуб Кочани–Виница денес реализираше значајна донација на стационарен уред за зголемување и читање – Optelec ClearView и лаптоп ASUS за Здружението на слепи лица од Кочани, со што се отвораат нови можности за лицата со оштетен вид во нашиот регион. Оваа опрема има исклучително големо значење, бидејќи станува збор за прва ваква современа и…
ПОСЕТА НА ГУВЕРНЕРОТ НА РОТАРИ СЛОВЕНИЈА И МАКЕДОНИЈА МАТИЈАЖ НОВАК НА КОЧАНИ
Со особена чест и задоволство, Ротари клуб Кочани-Виница беше домаќин на гувернерот на Ротари Словенија и Северна Македонија, Матијаж Новак, кој оствари официјална посета на нашиот клуб. На посетата присуствуваа и претседателот на Сојузот на Ротари клубовите во Македонија – Милош Радуловиќ. Гостите беа топло пречекани од претседателот Влатко Тасев и членовите на клубот,…
РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА СО ДОНАЦИЈА ЗА ДЕТСКА ГРАДИНКА „ДЕТЕЛИНКИ“
Со големо задоволство споделуваме дека Ротари клуб Кочани‑Виница, по сопствена иницијатива, денес реализираше донација за Детската градинка „Детелина“ Донирани се 7 сета детски мебел – 7 маси и 28 столчиња, наменети за најмалите, со цел да им се овозможи поудобен, побезбеден и поубав престој во оваа установа . На денешната средба беше договорено соработката да…
РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА СО ВТОРА ДОНАЦИЈА НА МЕДИЦИНСКА И ОРТОПЕДСКА ОПРЕМА
Денес беше реализирана втора донација на медицинска и ортопедска опрема во ЈЗУ Општа болница Кочани, како и директна донација на опрема на физички лица од повеќе градови во државата. Со оваа хуманитарна активност беа опфатени ЈЗУ Општа болница Кочани и повеќе физички лица, на кои им беше обезбедена неопходна опрема за полесно, побезбедно и подостоинствено…
РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“ ГО ПУШТИ ВО УПОТРЕБА „РОТАРИ ФЕНИКС ЦЕНТАР“
Во присуство на голем број гости, вечерва во Кочани Ротари клуб „Кочани-Виница“ под мотото „Силата е во новиот почеток“ го пуштија во употреба „Ротари Феникс Центар“ . Отворањето на овој центар има за цел да во него се организираат креативни работилници, музички настани, обуки за средношколци и студенти, разговори со психолози, предавања за здрава храна…
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА ПОДДРШКА НА КОЧАНИ МЕЃУ РОТАРИ КЛУБОВИТЕ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“ И „ЦЕЉЕ“
Во текот на вчерашниот ден во Кочани се потпиша меморандум за повеќегодишна соработка за поддршка на Кочани се со цел санирање на настанатата состојба по трагичниот настан што се случи во дискотеката „Пулс“. Меморандумот е потпишан од страна на Ротари клуб “Кочани-Виница“ и Ротари клуб „Цеље“ од Република Словенија и истиот е со времетраење од…
РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА ГО ОДБЕЛЕЖА 24 ОКТОМВРИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЛИОТО
Да ставиме крај на полиото засекогаш ! Денес е Светскиот ден на полиото! Светскиот ден на полиото се одбележува секоја година на 24 Октомври со цел да се подигне свеста за полиото и напорите за негово искоренување на глобално ниво. Воспоставен е од Rotary International за да го одбележи раѓањето на Јонас Салк, кој ја…
РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА ЈА ОРГАНИЗИРАШЕ 10-ТАТА ПО РЕД „ОРИЗОВА ГАЛА ВЕЧЕР“
Изминатиот Петок (27.09.2024 година) Ротари Клуб Кочани-Виница ја одбележа својата 10-та по ред „Оризова Гала Вечер“. Настанот се одржа во време на одржувањето на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, чиј организатор беше Општина Кочани. Поводот за одржување на „Оризовата гала вечер“ беше еден вид зачувување и негување на традицијата во производството на ориз во нашиот…
АНЃЕЛА СОКОЛОВА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА
На 16.06.2024 година во прекрасниот амбиент на летната тераса на Хотел „Слив“,Ротари Клуб Кочани-Виница го одржа последниот состанок во Ротаријанска 2023-2024 година , кој се одвиваше во фамилијарна атмосфера со присуство на членови на семејствата. Состанокот започна со презентација на претседателот Зафир наков за активностите, настаните и реализираните проекти за ротаријанска 2023-2024 год. Потоа претседателот…
РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА ПО ТРЕТ ПАТ ЈА ОРГАНИЗИРАШЕ ТРКАТА НИЗ УЛИЦИТЕ НА КОЧАНИ
Под мотото „Да креираме надеж“ во организација на „Ротари Клуб Кочани-Виница“ а со поддршка на Општина Кочани, како и на поголем број спонзори денес низ улиците на Кочани се одржа третата „Rotary run“ трка. Се трчаше на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција како и 2,5 километри во фамилијарна конкуренција. Стартот на…
